22/09/2021

Зум-конференција за пристапноста

На 21 септември 2021 година, во организација на Советот на Општина Битола, беше успешно спроведена Зум-конференција на тема пристапност. Овие настани се сумирање на проект на Општината кој е во реализација, со тоа што сега се става акцент и на внатрешната пристапност во домор (дневен претстој, бања и други простории) и воопшто на живеењето. Нашите членки Фанче и Лидија покажаа завидно ниво на ангажман на овој настан, а ние се надеваме дека ќе продолжи реализацијата на сите замисли и идеи.