25/02/2022

УО и Собрание на „Мобилност Македонија“

На 25 февруари 2022 година, во големата сала на Домот на хуманитарните организации се одржаа Управен Одбор и Собрание на „Мобилност Македонија“, на кои се направи ретроспектива на настаните и реализираните активности на Сојузот и здружените членки на сите полиња. И покрај условите на пандемија, постигнати се значајни резултати и беа донесени одлуки и насоки за понатамошното работење на Сојузот. Се надеваме дека во тековната 2022 година ќе имаме уште повеќе активности и дека органичувањата и другите предизвици ќе ги има во што помал број. Претставниците на „Мобилност Битола“ и овој пат имаа значаен придонес во работата и при донесување на одлуките, како и значаен напредок во работата со проекти на домашен и на меѓународен план.