29/03/2022

Управен Одбор на „Мобилност Битола“

На 29 март 2022, во просториите на „Мобилност Битола“ се одржа седница на УО, на која ѝ претходеше седница на Надзорниот Одбор, каде што на членовите во присуство на книговодителката Блага Батковска ја разгледаа и потврдија финансиската состојба за изминатата 2021 година. На седницата се дискутираше за нереализираните активности заради неповолните услови на пандемијата со Ковид 19, но и за респективниот број на реализирани настани кои беа достапни за разгледување во Календарот на активности во 2021. По разгледувањето на извештајот и усвојувањето на финансискиот извештај, посебно се дискутираше и за развојот и реализацијата на тековниот меѓународен проект „Алтер трип“, а беа донесени и повеќе одлуки за тековното работење и идните активности, вклучувајќи го и претстојниот УО на „Мобилност Македонија“ и Собранието на „Мобилност Битола“. Активностите продолжуваат.