01/04/2022
На 1 април 2022, Општинскиот совет за социјална заштита (ОССЗ) во салата во Советот на Општина Битола организираше работилница по повод Меѓународниот ден на лицата со аутизам – 2 април. На работилницата беше претставен „Центарот за поддршка на учењето на децата со попреченост во ОУ Ѓорги Сугарев“, а присутните ги поздрави градоначалникот прим. д-р Тони Коњановски, додека воведниот збор го имаше директорот на ОУ Ѓорги Сугарев, м-р Роберт Филиповски. „Мобилност Битола“ ја претставуваше членката на ОССЗ Фанче Георгиевска. Беа разгледани според агендата моменталната состојба, соработката со институциите, настава во посебни паралелки, дефектолошки кабинет, кабинет за сензорна интеграција и логопедски кабинет. Во излагањата се истакнаа д-р Анета Христова – специјален едукатор, Соња Трајковска – специјален едукатор, Јасмина Јанковска – специјален едукатор, Марија Јовановска – сензорна интеграција и Анета Георгиевска – логопед. Со излагањата и дискусиите се направи чекор напред во оваа проблематика. Ги поздравуваме сите напори за поуспешна работа при интеграцијата на лицата со попреченост (инвалидност), а „Мобилност Битола“ ќе продолжи да ги поддржува сите напори во оваа сфера.