03/04/2022
На 3 април 2022, во просториите на ресторанот „Корзо“ во Битола се одржа редовното Собрание на „Мобилност Битола“. Настанот, кој заради неповолни услови беше двапати одложуван во февруари и март, се одржа според важечките протоколи за Ковид 19 и во присуство на 20 членови на Собранието. Беа разгледани и усвоени извештајот и финансискиот извештај за 2021 година, а потоа за програмата се разви богата дискусија за некои аспекти и правци на делување, како и за потребата од поголема активност на повеќе членови. Се обрна внимание за поголема агресивност во постапките борбата за реализација на правата од Конвенцијата, како и другите законски регулативи. Посебно се нагласи пристапноста за која повеќе беше кажано во тековниот меѓународен проект „Алтер трип“, каде одредено место има и локалната самоуправа. Сѐ на сѐ, една успешна седница со насоки за идни активности, особено од поголем број на активисти.