14/09/2022
Во целосна организација на Центарот за човекови права „АМОС“ од Битола, на 14 септемри се одржа промоцијата на македонското издание на прирачникот за образование за човекови права за млади „Компас“, кое го издава Советот на Европа. Следејќи ги своите заложби, АМОС направи капитално дело, односно издавањео и промоцијата се резултат на дводецениска работа. Овој прирачник е издаден на 31 јазик (сега и на македонски), и ги опфаќа сите аспекти на човековите права и начините како младите најдобро да се образуваат и запознаат со човековите права, вклучувајќи ги правата на лицата со инвалидност (попреченост) во контекст на глобалните теми за човекови права. Инаку, овој прирачник е напишан од меѓународен тим под покровителство и целосна поддршка од Советот на Европа. Првото издание е објавено во 2002, а последното дополнето и ревидирано издание е од 2020 година, преведно од тимот на АМОС. За Република Северна Македонија следи вовед кој заедно со прирачникот за образование за човекови права за деца - „Компасито“, Живеење во демократија и Како сите наставници можат да го поддржат граѓанското и образованието за човекови права : рамка за развивање на компетенции, „Компасот“ ги насочува напорите образованието за човекови права да се спроведува од најраните години – градинка, основно, средно, високо образование – средина. Како претставници на „Мобилност Битола“, на промоцијата присуствуваа претседателот прим. д-р Нико Јанков и Ивона Јанкова, вонредна членка и менаџерка на проектот „Алтер трип“, која исто така учествуваше и во националната обука за едукатори за човекови права. Присутна беше и нашата членка Симона Јовевска, како претставничка на Општина Битола.