25/09/2022
На 25 септември 2022 година, „Мобилност Битола“ го организираше традиционалниот излет во с. Болно, ресенско. Поаѓањето беше договорено во 9 часот пред просториите на здружението (ЦСР-Битола), а дел од членовите се придружија кај „Веро“ и во Ресен. За превозот традиционално беше задолжен тимот од „Боби турс“ од Битола. Целодневната дружба на околу 50 членови и гости од „Мобилност Скопје“ започна со срдечен пречек од „Чупињата“ во манастирот „Св. Наум“ во с. Болно, и продолжи со ресенски специјалитети, убаво сончево време и музика во изведба на нашите членови. За вкусниот ручек се погрижија нашите пријатели од „Стар сокак“, со квалитетна и брза услуга по пристапни цени. Излетот беше збогатен и со натпревар во пикадо, во машка и во женска категорија, со симболични парични награди и тоа по 700 денари за прво место, 500 денари за второ место и по 300 денари за трето место. Во машката категорија триумфираше Дарко Спирковски, втор беше Живко Петроски, а трет Александар Стојаноски, додека кај жените најдобар успех постигна Гордана Пешевска, втора беше Билјана Поповска и трета Зорица Арсовска. Дружењето заврши во попладневните часови и кај 16.00 часот сите задоволни тргнаа за дома, побогати со уште едно дружење исполнето со мигови за паметење. Активностите продолжуваат.