19/10/2022
На 19 октомври 2022, новиот состав на Локалниот економско социјален совет на општина Битола ја одржа првата конститутивна седница, на која присуствуваше претседателот на „Мобилност Битола“ – прим. д-р Нико Јанков. За претседавач на советот едногласно беше избрана Гордана Балтовска, претставничка на Организација на работодавачи, вработена во АД Стопанска банка Битола. Заменик претседавач на ЛЕСС ќе биде секретарот на општина Битола, Борче Димитровски. Балтовска нагласи дека ќе се залага за активно работење на Локалниот економско социјален совет, со цел навремена и успешна реализација на целите кои ќе бидат дел од програмите, а градоначалникот Коњановски им се заблагодари на сите присутни за нивниот интерес за работа во ова тело, во кое ќе се разгледувааат важни прашања од економијата, образованието и социјалната работа, и за подобрување на можностите за социјално ранливите категории. Раководството на ЛЕСС најави дека советот веднаш започнува со активности, така што првата сесија е закажана за 3 ноември, додека следната седница ќе се одржи на 16 ноември. „Мобилност Битола“ со свои претставници е дел од ЛЕСС од самите почетоци, а својот придонес ќе продолжи да го дава и во иднина. Активностите продолжуваат.