23/11/2022

Втора седница на ЛЕСС – Битола

На 23 ноември 2022 година, Локалниот економско – социјален совет на Општина Битола (ЛЕСС) ја одржа втората седница, на која како претставник на „Мобилност Битола“ учествуваше претседателот прим. д-р Нико Јанков. На седницата беше усвоен Предлог деловникот за работа, а беше формирана и комисија за изработка на стратегијата за Локален економски развој, со која ќе раководи претседателката на ЛЕСС, Гордана Балтовска. Од страна на сите присутни членови беше побарано нивно вклучување со предлог-проекти и во изготвувањето на акциониот план на ЛЕСС.