01/12/2022

Манифестација на „Мобилност Македонија“ по повод 3 декември

На 1 декември 2022 година, во Порта Македонија во Скопје беше отворена Изложбата на уметнички дела од 11. Ликовна колонија 2022, со која „Мобилност Македонија“ ги започна активностите за одбележување на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност – 3 декември. На манифестацијата присуствуваа голем број членови од повеќе здружени членки, меѓу кои и претставниците на „Мобилност Битола“ - Живко Петроски и Благој Рахманов, како и заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин. Вториот дел од настанот беше наменет за прогласување за најдобрите литерати на „Мобилност Македонија“, кои учествуваа на 28. Објавен јавен конкурс за праќање на поетски творби, на кој се пријавија шест автори – лица со инвалидност. Нивните дела беа оценети од постојаната стручна комисија, а првонаградените три добија соодветни плакети. Годинава, првото место и припадна на Ванѓа Јованчева со творбата „Сите сме еднакви“, второто на Мимоза Делипетрова Томова од Радовиш за творбата „Невин грев“, додека третото место и припадна на Биљана Димова од Гевгелија за творбата „Во сенката на здивот“.