22/12/2022
На 22 декември 2022 година, благодарение на нашата членка Лидија Велјановска, во утринската програма „Македонија наутро“ на првата програма на националниот сервис МРТ гостуваше претседателот на „Мобилност Битола“ – прим. д-р Нико Јанков, кој се осврна на активностите на здружението во изминатите 35 години, како и за патот кој допрва треба да се изоди. Во 15-минутниот разговор се вклучи и Ивона Јанкова, вонредна членка на „Мобилност Битола“ и менаџерка на проектот „Алтер трип“, објаснувајќи ги деталите за алатките на пристапен туризам, нивната намена и за очекувањата од резултатите што ќе произлезат од овој проект. Целото гостување е прикачено на официјалниот канал на емисијата „Македонија наутро“ на Јутјуб, а видеото е насловено „БИТОЛА - ПРВ ГРАД ВО РЕГИОНОТ СО ТУРИСТИЧКА ПОНУДА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ“.