24/12/2022

Новогодишна забава на „Мобилност Битола“

По пауза од две години, „Мобилност Битола“ повторно организираше новогодишна прослава за своите членови и пријатели, која се одржа на 24 декември 2022 во ресторанот „Гламур“ во близина на Битола. Меѓу седумдесетината присутни на забавата беа наши членови од Битола, Демир Хисар и Ресен, членови од „Мобилност Скопје“, „Мобилност Штип“ и „Мобилност Гевгелија“, како и наши пријатели и поддржувачи на здружението, вклучувајќи го Ректорот на битолскиот Универизитет „Св. Климент Охридски“, проф. д-р Игор Неделковски. Имајќи ја предвид долгата пауза заради Ковид-пандемијата, ваквите дружења и тоа како ни недостасуваа, затоа и радоста и задоволството беа уште поголеми. Дружбата започна во 11.00 часот и продолжи до доцна попладнето, а пријатната атмосфера беше збогатена со вкусна храна, одлична музика, игра и песна. Со оваа прослава практично ги заокруживме активностите за нашата јубилејна 35-та година, за во Новата 2023 со уште поголем елан да продолжиме со што е можно повеќе активности и остварување на што повеќе програмски и статутарни цели. На сите наши членови, нашите пријатели и членовите на сите здружени членки на „Мобилност Македонија“ им посакуваме среќни и благодатни празници, и добра мисла и добро здравје да ги следи во текот на целата година!