13/10/2023

Промоција на проектот „Алтер трип“ во емисијата „Патоказ“ и „ТВ Такси 28“ на МРТ

Проектот „Алтернативно туристичко искуство – алтернативно патување“, или накратко „Алтер трип“, кој „Мобилност Битола“ го имплементираше во рамките на ИПА Интеррег Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020, продолжува да буди интерес кај медиумите. За активностите во рамките на проектот се заинтересираа и други новинари, кои сакаа да дознаат повеќе за сработеното и перспективите кои ги нуди за лицата со попречености во областа на туризмот. Имено, на 13 октомври 2023 година, во емисијата „Патоказ“, која се емитува на Македоско радио – Радио Скопје, новинарката Елизабета Пауновска речиси цела емисија ја посвети токму на нашиот проектт. Таа разговараше со проектната менаџерка Ивона Јанкова, која детално ги објасни сите фази на проектот, кои се крајните резултати и на кој начин ќе придонесат за развој на пристапниот туризам во Пелагонискиот регион. Особено беше нагласено дека пристапноста и понатаму е на ниско ниво, но дека со работа на ваквите проекти, можеме во релативно пократко време да видиме конкретни и реални резултати. Сето тоа и визуелно беше доловено во емисијата „ТВ Такси 28“, која се емитува на МРТ1. Во нивната епизода посветена на инклузијата, екипата на ТВ Такси дојде во Битола, за да го промовира првиот град на Балканот со туристичка понуда наменета за лицата со попречености. Главниот збор овде го имаше нашиот експерт м-р Јове Парговски, кој ги изработи тактилните табли што се веќе поставени на соодветните локации низ Битола, а збор-два кажа и проектната менаџерка Ивона Јанкова. Епизодата бр. 14 со наслов „Инклузија не е илузија“ можете во целост да ја гледате на следниот линк: https://youtu.be/31a4Hattpmo?si=TFPnxW1qXp5VYVTj. Активностите продолжуваат.