05/12/2023

УО на „Мобилност Македонија“

На 4 и 5 декември 2023 година, во Конгресниот Центар во Охрид се одржа Управен одбор на „Мобилност Македонија“. Генерално активностите беа поделени во два дела, и тоа актуелни случувања во здружените членки и размислувања за надминување на состојбите и негативните тенденции кои случуваат во последно време. Имаше отворени дискусии, но впечатокот е дека се остави на времето, иако се навести еластичност и попуштање, само во интерес на целите на Сојузот. „Мобилност Битола“, претставувана од претседателот и секретарот, имаше конструктивен став за проблемите. Во вториот дел, на 5 декември, по дневниот ред се заокружија насоките за работа на Сојузот, редуцирање на одредени активности, или прескокнување, флуктуација на приходот, горе-долу, со еден збор – „затегање на каишот“. Начелно, да се гледа и вреднува успешноста (во зависност со кои очила гледате). Исто така, на манифестациите потреба од избрани корисници. Немањето нови членови со посакуваната динамика, ажурирање на членство, одговорност наспроти бесрамност. Сѐ на сѐ, пресек на вистинската состојба која треба да се решава за разумност и еластичност, но не и по цена на непочитување, настап од опозиција на сила и непочитување на темелните вредности на кои почива „Мобилност Македонија“.