07/12/2023

УО на „Мобилност Македонија“

На 7 декември 2023 година, во просториите на „Мобилност Битола“ беше одржана третата седница на Управниот одбор, на која присуствуваа повеќе членови од УО (освен оправдано отсутните), членови на Надзорниот одбор, како и проектната менаџерка на „Алтер трип“, Ивона Јанкова. Откако се утврди дневниот ред, се усвои и записникот, без додавања и забелешки. Помеѓу двете седници, по календарот имавме 9 настани, што заедно со другите во текот на годината прават респективна бројка. Понатаму беше изложено успешното завршување на двата меѓународни проекти и сите позитивни импликации од истите. Потоа се потврдија и одлуките донесени по електронски пат, како и нови одлуки за активности до крајот на тековната 2023 и почетокот на 2024 година. Од оваа гледна точка, направено е спојување на двете манифестации – денот на „Мобилност Битола“ (10 декември) и прослава на Новата година. На седницата се донесе одлука двојната манифестација да биде на 24 декември 2023 (недела), а на заслужните членови, активисти и пријатели да им се доделат признанија и пофалници, додека за членовите да се поделат календар, запалка и пенкало со амблемот на здружението. Ги очекуваме нашите членови од Битола, Демир Хисар и од Ресен да присуствуваат на оваа наша манифестација.