14/02/2023

Избори и УО на Мобилност Битола

Согласно одлуката на УО на Мобилност Македонија од декември 2022, дека изборните активности на здружените членки треба да започнат и завршат во временскиот рок од 09.01.2023 до 25.02.2023, Мобилност Битола ги спроведе овие активности. Имено, на 01.02.2023 беше одржан изборен состанок во канцеларијата во Демир Хисар, каде што присуствуваа пет членови, а избрани беа четири старо-нови делегати во Собранието на Мобилност Битола, и тоа: Кире Огненовски, Дивна Огненовска, Олга Николовска и Горан Димчевски. Потоа, на 10.02.2023, следеше изборниот состанок во канцеларијата во Битола, во просториите на спортската сала на ЗИО, каде што присуствуваа 35 членови на здружението, а во изборниот процес избрани беа 19 делегати за Собранието на Мобилност Битола, и тоа: Митко Фидановски, Кире Ангелковски, Сотир Јоновски, Стеван Цветановски, Антонио Јолевски, Дарко Спировски, Билјана Тодоровска, Борис Стојковски, Димче Христов, Наташа Црвенковска, Лидија Велјановска, Нико Јанков, Оливера Наковска Бикова, Зорка Штифтер, Фанче Георгиевска, Јоле Стојановски, Златко Биков, Николче Станојовски и Мендо Дивјаковски. На 13.02.2023, следеше и изборниот процес во канцеларијата во Ресен, каде што присутни беа шест, а избрани четири членови, и тоа: Роберт Ламановски, Гордана Стојановска, Весна Трајчевска и Александар Стојановски. На 14.02.2023 беше свикан и Управен Одбор, на кој беа разгледани: изборниот процес, извештајот за работа, финансискиот извештај, програмата и планот за финансирање за 2023 година. На состанокот присуствуваа и членовите на Надзорниот Одбор, книговодителката и менаџерката на актуелниот проект „Алтер трип“. Беа усвоени сите точки од дневниот ред и УО донесе одлуки да се предложи на собранието усвојување на извештајот за работа, финансискиот извештај, а за новото собрание програмата и финансискиот план за 2023 година. За сите настани, покрај електронските објави и на е-мејл, сите членови беа известувани и преку телефон.