18/02/2023

Отчетно Собрание на Мобилност Македонија

На 18.02.2023 во Сала бр. 1 во Заедницата на ИО „Даре Џамбаз“ во Скопје беше организирано и успешно изведено отчетното Собрание на Мобилност Македонија. Куриозитет на ова собрание е дека постоеја анонимни и реални (потпишани) претставки за повреди на Статутот на Мобилност Битола при изборниот процес. Поради тоа, беше ангажирана статутарно-правната комисија на Сојузот, која ги провери сите наоди и писмено се изнесе на седницата. Мобилност Битола присуствуваше со сите четири делегати и немаше можност да возврати во своја одбрана. Но, на поставената точка за гласање на извештајот на комисијата, која ги отфрли сите наводи и обвиненија, од присутните 31 член 27 гласаа ЗА, 1 беше против и 3 беа воздржани. Со тоа беше потврдено од Собранието на Мобилност Македонија дека немаше неправилности во изборниот процес и дека нема нарушувања на статутарните норми. Сепак, од Мобилност Битола беше побарано да дозволи присуство на набљудувач на конститутивното собрание на Мобилност Битола – Софче Прчева, генерален секретар на Сојузот. Од страна на претставниците беше прифатено, бидејќи нема што да се крие и секогаш се постапувало според правилата.