14/03/2023

Управен Одбор на „Мобилност Битола“

На 14 март 2023 година, во просториите на здружението беше одржана првата седница на УО на „Мобилност Битола“ во новиот состав. На седницата присустввуваа и членовите на Надзорниот Одбор. Обемниот дневен ред, беше работно остварен со потполн консенсуз на членовите. Значајно е дека се именува старо-новиот секретар Митко Фидановски. Се дискутираше за насоките на делување и формирање на спортска екипа на наредните спортски игри на Сојузот, а беше именувана и комисија за одмори во Охрид и распишување на конкурс од 1 април 2023, за што е задолжен секретарот.

Донесена беше и одлука за учество на сите средби по покана од „Мобилност Македонија“ и здружените членки, по сопствен избор. Потоа, одлука за поетска средба во Демир Хисар, тематска средба во Ресен (плакат, леток, презентација и барање за спонзорство), организирање на традиционалното Дефиле на Широк Сокак, традиционален излет и тн. Сѐ на сѐ, една успешна презентација на усогласени размислувања за активностите кои следат. Посебен интерес беше поканата за настаните и активностите од проектот „Алтер трип“ и сите придобивки кои произлегуваат од ваквиот ангажман на здружението и неговото меѓународно етаблирање.