16/03/2023
На 16 март 2023 година се одржа седница на Комисијата за избори и именувања на „Мобилност Македонија“, која се реализираше непсредно пред Конститутивното Собрание на „Мобилност Македонија“. Од делокругот на работата беше примена информација дека на два дена пред собрание има 30 верифицирани делегати со право на глас, од можните 35. Собранието ќе работи по усвоениот деловник за работа, согласно Статутот. За избор се добиени 18 гласа или 50 + 1% од присутните, но не помалку од 51% од вкупниот број. На седницата се донесени и други одлуки согласно делокругот на работа и предлози на Собранието кое донесува конечни одлуки и решенија за понатаму.