26/03/2023

Пристапна Барселона

Во рамките на проектот „Алтер трип“, учеството на меѓународниот саем за туризам во Барселона ни даде можност и одблиску да ја видиме и искусиме пристапноста на една метропола со милионско население и уште толку многу туристи кои секојдневно слетуваат на аеродромот Ел Прат. Уште на самиот аеродром ги осетивме благодатите на реализираната пристапност од сите аспекти. Зборуваме прво за видливите архитектонски бариери, кои практично се решени до најситен детал – од пристап во зграда, куќа, гаража, тротоар, сигнализација, пешачки премини, автобуски, трамвајски и железнички станици, метро. Сигнализација, адаптирани возила, автобуси, сообраќај со електронски достапни помагала на ниво на инвалидска количка. Многубројни лица со тешкотии во мобилноста кои целодневно се присутни по улиците, рестораните, метрото, автобусите, трамваите и други адаптирани превозни средства. Сите возила се или електрични или хибридни, нема издувни гасови и шетањето и претстојот се пријани, без смог и непријатни мириси. Овие 3-4 дена ни го покажаа тоа кон кое треба да се стремиме во остварувањето на нашите заложби. Законите се напишани и треба да се спроведат во пракса, а успешната реализација ќе биде круна на нашите напори, чекор по чекор.