28/03/2023

УО на „Мобилност Македонија“

На 28 март 2023 година, во ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје се одржа првата седница на УО на „Мобилност Македонија“ во новиот состав. Од богатата палета за реализација на програмата, може да се забележи дека „Мобилност Битола“ е присутна во сите тела и комисии со кои се спроведуваат статутарните и програмски цели на Сојузот. Покрај УО, присутни во статутарната комисија, комисија за здравство, комисија за култура, уредувачки одбор на гласило. На седницата беше усвоен и прелиминарен календар на настани – конкурс за одморот од 1 до 15 април 2023, надомест како и порано, колонија на есен, тематски работилници, Републички спортски игри од 15 до 18 јуни 2023, лекарско за учесници, Тортијада, Ликовна колонија и Литературни средби – заедно или одвоено – 4 декември и тн.