07/04/2023

Обука на ОССЗ

Во организација на ЗЕЛС и Општина Битола, на 7 април 2023 година беше успешно изведена обука под мотото „Улогата на општинскиот совет за социјална заштита“ на Општина Битола, каде што како претставничка и делегирана членка во ОЗЗС од „Мобилносг Битола“ учествуваше Фанче Георгиевска. Настанот започна во 10 часот, со пристигнување и верифицирање на учесниците, а потоа беа претставени очекувањата од работилницата. Првата сесија беше за концептот на социјална инклузија, односно вклученост во општеството, со принципот „никој да не биде изоставен“ – презентација и дискусија. Во втората сесија се зборуваше за надлежноста на локалната самоуправа во доменот на социјалната заштита, а по кафе-паузата се дискутираше за создавање на политики на локално ниво и улогата на ОССЗ во создавањето на политиките засновани на докази. На крајот беа предложени заклучоци и препораки, а нашата членка Фанче Георгиевска активно учествуваше во сите фази од обуката. Активностите продолжуваат.