21/06/2023
На 21 јуни 2023 година, во ресторанот „Две лири“ во Ресен се одржа манифестација по повод една година постоење и делување на Здружението „Иднина на традицијата“ на лица со инвалидитет/попреченост во Ресен. Сумирајќи ги активностите, одговорните, инаку членови на „Мобилност Битола“, го прикажаа патот до самовработување и со помош на проекти до напредок во животот. На оваа манифестација, која беше добро посетена, се потпиша и меморандум за соработка со „Мобилност Битола“. На членовите кои на сите начини бараат пат за самостојна егзистенција, им посакуваме успешна работа и остварување на сите нивни желби и планови.