28/06/2023

Контрола на Заедничкиот Секретаријат од Солун за проектот „Алтер трип“

На 28 јуни 2023 година, по претходна најава, во просториите на „Мобилност Битола“ во Битола се одржа контролна посета од претставници од Заедничкиот Секретаријат на ИПА Интеррег Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија“ 2014-2020, во чии рамки се имплементира проектот „Алтернативно туристичко искуство – алтернативно патување“. Делегацијата од Солун составена од проектните службеници Жупан Мартиновски и Константина Куљали беше пречекана од претседателот прим. д-р Нико Јанков и проектната менаџерка Ивона Јанкова. За време на посетата, менаџерката детално ги претстави ИКТ алатките изработени во рамките на проектот, заедно со видео презентација и демонстрација за нивната употреба на лице место. На располагање беше и целата архива со документи од самиот почеток на проектот, а потоа следеше и кратка посета на Офицерскиот дом, каде што е изложена една од десетте тактилни плочи и каде што службениците ја тестираа нивната функционалност. Битолското гостопримство го покажа и нивниот вработен Тодор Ивановски, кој им направи мала тура и ја раскажа историјата на овој историски објект, а им раскажа и што научи од учеството на обуките организирани во рамките на проектот. Претставниците од Секретаријатот беа задоволни од работата на нашето здружение, кое се докажа како одговорен партнер во имплементацијата на проектот. Се надеваме дека убавиот впечаток ќе ни донесе позитивни поени доколку излезе можност за соработка на нов проект. Активностите продолжуваат.