29/11/2024
Согласно Статутот и по укажаната потреба, на 29 ноември 2024 година беше свикана седница за Управниот одбор на „Мобилност Битола“, која се одржа во просториите на Здружението со почеток од 17.00 часот. На седницата учествуваа поголем број од членовите на УО и членови на Надзорниот одбор. Тема на седницата беа досегашните активности кои беа усвоени, и нови активности за претстојниот период, а тоа е: организирање и изведување на работилница за мултипла склероза, со поддршка на „Мобилност Македонија“ и традиционална новогодишна забава со придружни активности. Тематската работилница беше закажана за 8 декември 2024, и за неа се изработија плакат, леток и презентација. Исто така, за 2 декември 2024 година договорено беше и интервју за активностите на здружението со националниот сервис МРТВ, додека за 15 декември е резервирана предновогодишната забава за нашите членови и пријатели, во комплетна организација на „Мобилност Битола“. Активностите продолжуваат.