27/04/2024

Шаховско првенство на „Мобилност Македонија“ во Охрид

На 27 и 28 април 2024 година, во хотелот „Конгресен центар“ во Охрид се одржа 36. Шаховско првенство на „Мобилност Македонија“. „Мобилност Битола“ овој пат ја претставуваше Живко Стрезовски, кој успеа да се пласира од 7. до 9. место и со тоа обезбеди за себе и за „Мобилност Битола“ пласман за следната година и за уште еден натпреварувач. Му честитаме на Живко за постигнатиот успех во многу силната конкуренција, и му посакуваме уште поголеми успеси во иднина.