07/05/2024

Конкурс за одмори на „Мобилност Битола“

Како и секоја година, „Мобилност Битола“ на 1 април 2024 го распиша конкурсот за одмор по препорака на „Мобилност Македонија“. Оваа година термините од 1 до 10 јуни и од 21 до 30 септември, не ги обесхрабрија нашите членови. Сепак, на 3 мај 2024, Комисијата во состав Антонио Јолевски – претседател и Фанче Георгиевска и Стеван Цветановски – членови, солидно ја завршија задачата. На избраните членови и нивните придружници им посакуваме мирно лето, а на оние кои не се избрани да се стрпат догодина. Активностите продолжуваат.