02/06/2024

Квалификации за атлетика

На 2 јуни 2024 година, во дворот на градинката спроти ЦСР Битола се одржаа квалификации за атлетика на „Мобилност Битола“. Согласно одлуките и препораките на Комисијата за спорт на „Мобилност Македонија“, настанот беше најавен на огласната табла и на официјалната страница на здружението на Фејсбук. Пријавени беа 4 натпреварувачи и тоа: Горан Дамчевски од Демир Хисар и Дарко Спировски од Битола како директно плаирани и Јоле Стојановски и Билјана Мицева од Битола. Останатите 3 директно пласирани натпреварувачи – Оливера Наковска – Бикова, Лидија Велјановска и Менде Девјаковски – го оправдаа своето отсуство. До Комисијата е испратен заверен записник и пријава во рамките на предвидениот рок за пријавување до 7 јуни.