09/06/2024

„Мобилност Битола“ на излет кај „Мобилност Куманово“

На покана на „Мобилност Куманово“, на 9 јуни 2024 неколку членови на „Мобилност Битола“ присуствуваа на излет во локалитетот манастирски комплекс „Пет кладенци“ во месноста Шопско Рударе. Манастирскиот комплекс со црквиче и кладенци со лековити води се наоѓа во живописен предел, зеленила и води, зачинети со чист воздух. Домаќините се потрудија да ги пречекаат и угостат поканетите со внимание и со познатиот манастирски грав. Во пречекот на гостите беа вклучени повеќе членови од Куманово, Крива Паланка и Кратово, а пред сите особено се истакнуваше претседателот Небојша Ташиќ. Им благодариме на „Мобилност Куманово“ што нѐ почести со покана и ни обезбеди прекрасно дружење.