19/06/2024
Како и секогаш, „Мобилност Битола“ редовно учествува на традиционалните Спортски игри на „Мобилност Македонија“. Овој пат настанот беше збогатен со меѓународно присуство на екипи од Хрватска, Србија, БиХ, Црна Гора и Бугарија. Екипата на „Мобилност Битола“, од првопријавените шест, со поправки од организаторот се искачи на 9 спортисти, и тоа: директно-пласираните од лани Оливера Наковска – Бикова, Мендо Дивјаковски, Горан Димчевски, Дарко Спировски, Лидија Велјановска и новиот претставник Томи Јаневски, а со корекциите беа додадени директно-пласираните од лани Златко Биков и Николче Станојовски, и уште еден нов – Тони Радевски. Од деветмината, два членови учествуваа само во саботата, а другите седум беа сите четири дена. На свеченото отворање, за жал отсуствуваа пет членови (појадувале), а присутни беа само Горан Димчевски и Томи Јаневски. Малку непријатно за организаторот. Но и тоа помина. Првиот ден, во стрелаштво Оливера – златен медал. Златко пласман за догодина. Во пинг-понг, Томи високо четврто место и учество во меѓународна конкуренција, со обезбеден пласман за догодина. Во саботата, Дарко – бронзен медал, а Лидија, Мендо и Горан обезбедија пласман за догодина. За жал, Николче и Тони не обезбедија пласман. Рекапитулација – 7 пласмани за догодина, два медали (златен и бронзен), дури и не е лошо. Само се присетуваме кога бевме сплотени, петте првотимци (Фанче, Вергита, Благојче, Васко и Оливера) носеа по три медали. Значи „Мобилност Битола“ имаше од 10 до 15 медали. А сега, едвај две. Но ова нека биде поука за догодина, дека со сериозен пристап од сите може да се постигне посакуваното. Капацитет има, а за другото да се надеваме.