7/03/2025
„Мобилност Битола“ традиционално го одбележува Меѓународниот ден на жената – 8 март. Оваа 2025 година, после консултација со повеќе членови на здружението, прославата се одржа на 7 март (петок) во клупските простори, со почеток од 19.00 часот. За празничното дружење се собраа дваесетина членови кои го одбележаа денот на жената со скромна закуска и чоколадо наместо цвеќе. Во последно време, дружењето во клупските простории зема сѐ поголем замав, и сѐ поголем број на членови е присутен тука. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и понатаму. „Мобилност Битола“ ја користи пригодата да им го честита 8 Март на сите свои членки и на сите наши сограѓанки. Активностите продолжуваат.