25/04/2025
На 9 мај 2025 година, „Мобилност Битола“ ги одржа квалификациите за Државното првенство во шах на „Мобилност Македонија“. На повикот се пријавија шест кандидати, од кои едниот, Живко Стрезовски, веќе има обезбедено пласман за првенството. Покрај него, се пријавија и Стеван Цветановски, Кире Ангелковски, Томе Ивановски, Томе Ѓоргиевски и Златко Димовски.
Квалификациите се одржаа по системот на играње секој со секого. Беа постигнати следните резултати:
Според резултатите, покрај директно пласираниот Живко Стрезовски, за место се избори и Кире Англековски, така што тие ќе бидат двата претставника на „Мобилност Битола“ на Државното првество во шах на „Мобилност Македонија“, кое ќе се одржи на 24 и 25 мај 2025 во хотелот „Конгресен центар“ во Охрид. Целокупната организација е на „Мобилност Македонија“.