05/03/2026

Осмомартовска прослава на „Мобилност Битола“

Во просториите на здружението, на 5 март 2026 година, група од дваесетина членови на „Мобилност Битола“ го одбележаа Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Прославата беше организирана во сопствен аранжман, со партиципација на пријавените членови од 300 денари. Организаторите Дејан и Дијана се погрижија за набавките на храна и пијалаци, како и за подароци за дамите. Дружбата помина во пријатна атмосфера, со разговори, шеги и музика. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и понатаму, во уште поголем број. Активностите продолжуваат.