22/03/2026
На 22 март 2026 година, во просториите на ресторанот „Корзо“ во Битола се одржа седница на Собранието на „Мобилност Битола“. Со квалификувано мнозинство, на седницата се расправаше за изминатиот период од 2025 година, како и за новите предизвици во 2026. Во предвечерието на идни настани за опстанок на сите инвалидски организации и раслојување на членството во партиски структури, се бара начин да се оттргнеме од идеолошкото слепило кое нѐ води кон самоуништување. Во увидот на самата седница беа дадени информации за последните настани во врска со закажаниот протестен собир пред Владата. Инаку, после богата дискусија и прифаќање на забелешки, извештајот, хронологијата на настани и финансискиот извештај беа прифатени. Програмата и планот за финансирање како реален знаеме дека ќе претрпи рестрикции. Но, најважното – раслојувањето – е сѐ поевидентно и тој тренд треба да се запре. „Мобилност Битола“ е здружена членка на „Мобилност Македонија“ и е невладина, непрофитна и непартиска организација. Сите нејзини активисти се насочени кон постигнување на подобар, поквалитетен и успешен живот на лицата со телесен инвалидитет и со други попречености. За тие цели ќе ги рушиме сите бариери кои ни стојат на патот, со сите законски средства кои ни стојат на располагање. Активностите продолжуваат.