15/04/2026
По завршувањето на Конкурсот за одмори, кој беше отворен од 1 до 15 април 2026 година, на 16 април во просториите на „Мобилност Битола“ се состана Комисијата за одмори составена од Антонио Јолевски и Стеван Цветановски, додека Фанче Георгиевска беше оправдано отустна. Во присуство на претседателот прим. д-р Нико Јанков и секретарот Митко Фидановски, Комисијата ги испочитува сите правила и утврди дека има доволен број на пријавени, но помалку од бројот на расположливи места во двете смени кои се предвидени за нашите членови. Од тој аспект, Комисијата зазеде став дека има услови сите барања да бидат одобрени, така што ниту еден од пријавените кандидати не беше одбиен. Резултатите се прикачени на огласната табла во здружението и истите ќе бидат објавени на Фејсбук.