23/04/2026
На 23 април 2026 година, по повод Светскиот ден на книгата и авторското право, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола организираше пригодна манифестација на која присуствуваа и претставници на „Мобилност Битола“. Пред самиот почеток на настанот, претседателот прим. д-р Нико Јанков и членката на УО, авторка и поетеса м-р Биљана Тодоровска имаа срдечен и плодотворен разговор со директорката на библиотеката м-р Емилија Стефановска-Давкова, со обостран договор за континутитет на нашата соработка и пријателство, учество во проекти и работилници, со користење на салата и опремата, како и други погодности за нашите членови без надомест. Отворајќи ја манифестацијата, директорката во кратки црти го истакна значењето на книгата и авторското право, а потоа потоа актерката Јулијана Мирчевска од Народниот театар – Битола ѝ даде глас на светската и македонската порака за 23 април. На самиот крај на манифестацијата, директорката на сите учесници им подари по една книга, а на дамите и по еден црвен трендафил. Во оваа пригода, уште еднаш изразуваме благодарност до НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола за континуираната досегашна и идна соработка, и се надеваме дека истата ќе продолжи во позитивна насока. Активностите продолжуваат.