28/04/2026

Управен Одбор на „Мобилност Битола“

На 28 април 2026 година, со почеток во 17.00 часот во просториите на „Мобилност Битола“ се одржа седница на Управниот одбор, со квалификувано мнозинство и во присуство на членови на Надзорниот одбор. Се разгледаа активностите меѓу две седници, вклучувајќи го Собранието и останатите настани што беа организирани во овој период, и беше заклучено дека насоките се добри и дека треба да се продолжи со исто темпо. Беше разгледан и финансискиот извештај за првите три месеци од 2026 ггодина, согласно одлуките на УО на „Мобилност Македонија“ за трошење на средствата од дотациите, режиски и други активности по програмата за работа. Прво беа потврдени одлуки по електронски пат, а потоа беа донесени одлуки за расходување и отпишување на средства, за што беше формирана и работна група која ќе направи увид во сите три канцеларии и ќе отпише расходувани и непотребни средства, како и фукционални за кои би можеле да трошиме средства. Со увидот на работната група ќе се операционализираат одлуките. Потоа се донесоа одлуки за организација на три работилници во универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, благодарение на сѐ поуспешната соработка со раководството и можноста за бесплатно користење на салата во оваа институција, која е една од најпристапните во Битола. Се разбира, на настаните ќе бидат поканети личности, здруженија и институции со коишто имаме плодна соработка. Разгледани беа и други прашања од интерес на работата на здружението, особено што во овој период се зачленија околу 15 нови членови, а бројот на пасивни и заминати членови се ажурира тековно, еднаш годишно. Сѐ на сѐ, успешна седница со добри насоки на делување и поделени активности на сите присутни. Активностите продолжуваат.