07/03/2017

„Мобилност Битола“ на чествување на 8 Март

               Како и во поранешните години, така и оваа членовите на „Мобилност Битола“ традиционално се дружат по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март. Околу триесетина го прославија овој празник на 6 март во „Вила Гранд“, каде што уживаа во пријатни разговори, музика и опуштена атмосфера, а на сите претставнички на понежниот пол им беше подарен и цвет, иако потврдено е дека треба да им се покаже внимание во текот на целата година, макар и без цвеќе.
Цвеќето како симбол на убавото е обичај од најстарите времиња кога чествувањата на 8 Март не ни постоеле. Настаните од пред повеќе од еден век, кога заради обесправеноста на жените се случиле немили настани во чие средиште беше и тогаш познатата Роза Луксембург, која го трасираше патот за изедначување на правата на женскиот во однос на машкиот пол на сите нивоа на живеењето.
Сега и ние, во градењето на поубаво и релаксирано живеење, со изедначување и реализирање на сите права содржани во Конвенцијата на ОН и позитивните законски прописи, се придружуваме на овој тренд во разумен временски рок. Нека ни е честит 8 Март, здравје и среќа за сите!