03/03/2018
На 2 март 2018 година, после препораките на собранието на „Мобилност Битола“ што се одржа на 17 февруари, беше одржан координативен состанок во Ресен. На истиот присуствуваше делегација на УО на „Мобилност Битола“ во состав: претседателот прим. д-р Нико Јанков и членовите на УО – Лидија Велјановска и Сотир Јоновски (од Битола) и Роберт Ламановски од Ресен, како и членката на собранието Гордана Стојановска и претседателката на „Хумана Преспа“ – Гордана Пешевска. Дневниот ред опфати проблеми со членството, канцеларијата, соработката со локалната самоуправа, проектот за општо-корисна работа и друго. Се постигна согласност за делување и понатамошни чекори, а беше даден на увид и меморандумот за соработка и договорен нов термин за предложување и реализација на активноста. Повеќе активности наскоро.