05/12/2019

Информативен состанок со министерката Мила Царовска

На 5 декември 2019 година, во организација на Ресурсниот Центар на здружението на слепи во Битола, беше одржан информативен состанок со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска за апликативноста на Законот за социјална заштита со посебен акцент на персоналната асистенција, негата, помошта, мобилноста и тн. Состанокот имаше за цел да собере размислувања на инвалидските организации за законот (забелешки и дилеми). По краткиот вовед, министерката Царовска нагласи дека досегашниот проект ќе се замени со закон од 1 јануари 2020, со сите реперкусии по законот. Исто така, стана збор и за негата и помошта која треба да има градација и дека досегашните решенија не се најсреќен избор, но е оставен за да нема неправди. Во дискусијата најмногу учествуваа од Сојузот на слепите, но корисни забелешки и констатации имаше и од Сојузот на лица со телесна инвалидност и Сојузот на глуви. Активностите продолжуваат.