10/12/2021

„Мобилност Битола“ на едукативна работилница за зависностите во секојдневието

Во организација на Општинскиот совет за социјална заштита - Битола и Здружение за подршка и развој „Хуманост“ од Скопје, на 10 декември 2021 година се одржа онлајн едукативна работилница на тема „Зависностите во секојдневието – апче против главоболка или зависност – како да се препознае и помогне“. Работилницата беше во рамките на активностите „Консултантски услуги за потребите на локалните општински совети“, финансиски поддржани од општина Битола, а ја водеше Јана Јанева, социјален работник од „Хуманост“. Целта на работилницата беше подигнување на свеста за употребата на апчиња против главоболка, наспроти причините за појава на главоболка, запознавање со начините на кои зависноста може да се препознае и начинот на справување со зависноста. Како претставничка на „Мобилност Битола“ учествуваше нашата членка Фанче Георгиевска, која ги сподели сопствените и искуствата на лицата со инвалидност при употребата на апчиња на главоболка, нагласувајќи дека кај оваа група на граѓани потребата од какви било лекарства е вистинска и ретко кога станува збор за зависност, односно дека плацебо ефектите (кога пациентот верува дека има подобрување после медицински третман/терапија, иако наместо одреден лек, без да знае се напил, на пример, обичен витамин) се поретки. Учеството на нашите членови на вакви настани е од големо значење, бидејќи даваат огромен придонес во подигнувањето на свеста на јавноста за предизвиците и проблемите со кои секојдневно се соочуваме. Активностите продолжуваат.