03/12/2021

Шаховски турнир по повод 3 декември

Меѓународниот ден на лицата со инвалидност – 3 декември и годинава беше одбележан со повеќе манифестаци, меѓу кои и Шаховскиот турнир во организација на ССРИ Битола што се одржа на 5 декември во просториите на Шаховскиот клуб „Шах-Шех“. На турнирот учествуваа 15 натпреварувачи од 5 инвалидски здруженија: Инвалиди на трудот, Цивилни инвалиди, Здружение на глуви, Здружение на слепи и „Мобилност Битола“. Натпреварот се играше во поединечна и во екипна конкуренција, екипно се играше по Бухолц систем, а поединечно по Швајцарски систем. Од „Мобилност Битола“ се натпреваруваа Живко Петровски, Кире Ангелковски и Живко Стрезовски. Сите учесници покажаа солидни резултати, а нашите членови постигнаа најголем успех во екипната конкуренција, освојувајќи го второто место со 9 поени. Турнирот го водеше тимот на Шаховскиот клуб со главниот шаховски судија Лазар Рајчовски, а меѓу најзаслужните за организацијата од ССРИ Битола се и Лидија Велјановска и Оливера Наковска-Бикова, активни членки и во „Мобилност Битола“. И на учесниците и на организаторите им честитаме за одлично одржаниот турнир и постигнатите резултати, и се надеваме дека следната година бројот на натпреварувачи ќе биде уште поголем. Активностите продолжуваат.