03/12/2011
Активностите на МОБИЛНОСТ БИТОЛА деновиве (2ри декември) беа посветени на подготовките за одбележување на светскиот Ден на лицата со инвалидност (3ти Декември) и Денот на лицата со телесна инвалидност на Македонија (4ти Декември). Во таа насока делегација на МОБИЛНОСТ БИТОЛА присуствуваше на донаторската изложба на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА. Истата се одржа во просториите на Домот на Армијата во Скопје, под покровителство на Претседателот на Р.Македонија, господинот Ѓорѓе Иванов. На истата беа присутни повеќе од 200 посетители. Покрај Претседателот на републиката, беше присутен и поголем дел од дипломатскиот кор во Р.Македонија, повеќе владини претставници и претставници на невладини сојузи и здруженија. После воведниот збор на претседателот на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, господинот Бранимир Јовановски, изложбата ја прогласи за отворена проф. Зоран Јакимовски. Делата беа презентирани на присутните и со пригоден каталог на сите креатори на ликовните дела. После тоа, поголем дел од присутните купија од изложените дела, со што се оствари целта на самата донаторска изложба. (прилог слики)
Другиот ден, односно на 3ти Декември во соорганизација со заедницата на инвалидски организации, Центарот за солцијални работи и специјалниот училишен центар „Кочо Рацин“ од Битола и поддршка од Лајонс клуб од Битола и Македонија беше реализирано заедничко претставување на активностите на лицата со инвалидност. Посебната пригода беше и свеченото отворање на реновираната спортска сала на заедницата на инвалидски организации која се наоѓа во Центарот за социјални работи во нас. Карпош. Истата е реновирана со помош на Општина Битола (финансиска поддршка) и делегација од Советот на Општина Битола, предводена од господинот Златко Милошевски. Во присуство на пишани и елетронски медиуми беа дадени интервјуа од Митко Фидановски, претседател на заедницата на инвалидски организации, При. Д-р Нико Јанков, претседател на МОБИЛНОСТ БИТОЛА, Златко Милошевски – координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ при Советот на Општина Битола, Виолета Гаџовска – директор на Центарот за социјални работи, претставници на Лајонс клубот и други гости. На оваа манифестација од страна на Лајонс клубот беше донирана електро-моторна количка на нашиот член Симона Јовева. Целокупните активности беа придружувани и од децата со посебни потреби при центарот „Кочо Рацин“, други граѓани намерници, а Лајонс клубот обезбеди сендвичи и пијалаци за сите присутни кои по наша проценка беа околу 200. Треба да се помене дека на оваа манифестација беа присутни и гости од соседна Р. Грција, поточно од Лерин. Се надеваме дека вакви и слични манифестации ќе се одржуваат и понатаму на взаемно задоволство. (Прилог слики)