23/06/2012

25 години  МОБИЛНОСТ БИТОЛА

Во убаво и сончево време, претставници на повеќе инвалидски здруженија, во организација на МОБИЛНОСТ Битола, го одржаа традиционалното Дефиле по Широк сокак, оваа година под мотото: „Заедно за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност“. Манифестацијата е вообичаено поддржана од Градоначалникот на Општина Битола, г-дин м-р Владимир Талески. На почетокот пред бројните членови  изјави дадоа прим. д-р Нико Јанков - организатор и претседател на МОБИЛНОСТ Битола, г-дин Бранимир Јовановски – претседател на Националното Координативно Тело за еднакви можности на лицата со инвалидност и на МОБИЛНОСТ Македонија, и проф. д-р Силвана Ангелевска – претседавач на Советот на Општина Битола. Покрај покровителството на Градоначалникот, овој пат манифестацијата е во соработка со Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ АД од Скопје. Следено од неколку ТВ екипи и новинари, започна Дефилето од плоштадот „Магнолија“ до хотел „Епинал“.
                Следниот дел од активностите беше работилница во организација на АД „Славеј“. На истата членовите на инвалидските здруженија беа запознаени со најновите достигнувања во ортотиката и протетиката под мотото „ Кон подобар живот“. Следуваше и последниот дел – видео презентација за развојот на МОБИЛНОСТ Битола од самите почетоци до денешен ден, беа доделени признанија и благодарници, а потоа следеше дружење со музиката на КУД „Феникс“. Сето ова се случуваше на вообичаената локација, ресторанот „Бе-Ни Фонтана“ во Бистрица.                 МОБИЛНОСТ Битола им изразува голема благодарност на сите кои учествуваа на манифестацијата, на членовите од Битола, Демир Хисар и Ресен и на членовите од Скопје, Куманово, Штип, Радовиш, Кочани, Кавадарци, Прилеп и Охрид.