15/10/2013

МОБИЛНОСТ Битола на Работилницата на USAID во Битола

Со одлука на Советот на Општина Битола за основање на Локален Економски Социјален Совет (ЛЕСС) на општината. Истиот се конституираше на 19.09.2013 година, а за член е избран прим. д-р Нико Јанков, претседател на МОБИЛНОСТ Битола, како најактивен субјект за подигање на капацитетите на лицата со инвалидност. Деновиве, односно на 15-ти и 16-ти октомври во организација на USAID – мрежа YESS и општина Битола беше организирана оваа работилница за членовите на ЛЕСС, чија цел е насоки за изготвување стратешки план на ЛЕСС. На оваа работилница присуствуваше заменикот на д-р Јанков, Фанче Ѓорѓиевска.
                Основата на заклучоците на оваа работилница се целите: отворање нови работни места, едукација на кадри, перспектива на бизнис структури со кои Битола ќе добие перспектива на развојна, образновна, економски зајакната средина, туристички рурална и со акцент на културно-историски знаменитости, економски подем со млади човечки ресурси и помош од институциите на системот на локално ниво. Со тоа ЛЕСС ќе стане препознатлив лидер на регионално ниво за подобрување на квалитетот на живот.                 На оваа работлница нашиот член Фанче Ѓорѓиевска, покрај високиот степен на активност и познавање на проблематиката, оствари бројни контакти со грантистот нa USAID, Вирна Манасиева-Герасимова и претставникот на CEPROSARD, Габриела Мицова, а размени мислења и со останатите членови на ЛЕСС и други личности. На овој начин уште повеќе се подига капацитетот и квалитетот на човечките ресурси на МОБИЛНОСТ Битола, кои како едукатори ќе ги водат другите во нови предизвици.