10/05/2013

Учество на Комисијата за категоризација од Битола на работилницата организирана од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Министерството за труд и социјална политика

Претседателот на Мобилност Битола, прим. д-р Нико Јанков, кој воедно е и член на категоризационата комисија и комисијата за мобилност при Клиничката болница во Битола, на покана од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Министерството за труд и социјална политика, заедно со д-р Омер Сулејман – раководител на Службата за ментално здравје и категоризационата комисија и проф. д-р Сашо Кочанковски – шеф во службата и професор на Факултетот за педагогија при Славјанскиот Универзитет во Битола учествуваа на работилницата на тема „Ревизија на процесот на категоризација на лицата со инвалидност“. Вовед во темата направи раководителот на сектор при МТСП, м-р Слободанка Лазова Здравковска, а нацрт кодексот за проценка беше изложен како предлог од меѓународниот експерт од Цирих, Швајцарија – проф. д-р Џудит Холенвегер.
                Работилницата ја водеше претставникот од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, г-ѓа Олимпија Гроздановска, а учествуваа и делегации од категоризационата комисија од Скопје, здружението на дефектолози, Кабинетот на претседателот на Република Македонија, центри за социјални работи и Институтот за дефектологија. Делегацијата од Битола прва ја започна дискусијата и активно учествуваше до самиот крај. Според впечатоците, заклучоците треба да се насочат кон изготвување на модел кој ќе ги задоволи нашите специфики, а сето тоа треба да се направи пред 2015 година, кога е крајниот термин на ревизиите.