25/01/2014

МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА - РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА ПРВИОТ НАЦРТ  ИЗВЕШТАЈ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  ПРИ ИMПЛЕМЕНТАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ

Работна  група на Мобилност Македонија на 25 и 26.01.2014 во Бања Банско, после  подготовките  го разгледа  нацрт извештајот што го поднесе Министерството за труд и социјална  политика при Владата на  Република  Македонија,  а во врска со обврската после изминатите две  години откако се ратификува Конвенцијата и стана составен дел од нашиот правосуден систем. Сите  инвалидски организации, сојузите и Националното координативно тело имаат задача да го разгледаат и дадат сугестии и размислувања. Поради тоа, после подготовки по дадени задачи, работната група  во состав Претседателот на сојузот Бранимир Јовановски и прим.  д-р Нико Јанков како членови на НКТ, Митко Фидановски, Персида Пренџова и Елица Трпкова како правници и експерти за правата на лицата со инвалидност и генералниот секретар на  сојузот Софче Прчева разгледаа член по член од Конвенцијата во извештајот на  МТСП и додадоа свои сугестии и размислувања за текот и идните збиднувања во врска со инплементацијата на Конвенцијата.
Разгледувајќи ја  глобалната рамка  во наративниот дел, работната група доби впечаток дека  перцепцијата оди во позитивна насока. Нашите забелешки и сугестии се комплементарни и појаснуваат состојби и процеси кои на разни начини ги засегаат лицата со инвалидност (во случајот лицата со телесен инвалидитет) и измени и дополненија  на  законската регулатива која ќе ја олесни самата инплементација (вклучувајќи ги и придружните подзаконски акти кои мораат да бидат оперативни во разумен рок). Сите овие размислувања работната група прецизно и детално ги разработи консезуално ги резимира и финализира во финален предлог  кој  беше испратен во  МТСП. Со вакви експедитивни акции Мобилност Македонија, управниот одбор и Претседателот Бранимир Јовановски добиваат позитивни поени во комуникацијата со Институциите на системот, а се во остварување на  нашите  цели (програмски и статутарни). Ваквите  добри практики треба  да продолжат за  подготвено пречекување на сите идни  предизвици и нивното навремено решавање.