28/02/2016
На 28 февруари 2016 година беше одржано редовно годишно собрание на „Мобилност Битола“. Претходно, на 23 февруари, се одржа и последната седница на Управниот одбор, каде се сумираа остварените програмски и статутарни цели, а Надзорниот одбор во присуство на книговодителот го разгледа и усвои финансискиот извештај и го извести УО дека истиот може да биде предложен за усвојување и на собранието. Исто така, УО го разгледа и усвои извештајот за работа, програмата и финансискиот план и донесе одлука истите да бидат предложени за усвојување и на собранието.
Седницата на собранието започна со задоцнување од 15 минути, а присутни беа 24 од вкупно 27 делегати - тројца беа оправдано отсутни. Бидејќи имаше кворум за работа, се усвои дневниот ред, а потоа и записникот од претходното собрание. Во извештајот претседателот хронолошки ги изнесе активностите (околу 15), во кои предводеа три работилници, дефиле, четири презентации, пет плакати и летоци за настани, три ТВ емисии „Петтиот ангел“, три ТВ интервјуа, излет со литературно читање во Демир Хисар, хуманитарен концерт во Ресен, проекти со UNDP и USAID-Yes мрежата, учество на работилници и сите позитивни средби, промоција на книги, музички средби и интернационално учество, Меѓународна колонија на ракотворци и тн. Практично повеќе од 90% од програмата, но и додатни активности. Извештајот беше едногласно усвоен.
После излагањето на претседателот на надзорниот одбор и дискусијата, беше усвоен и финансискиот извештај и одлуката за усвојување на завршната сметка. Програмата и финансискиот план со кратки дискусии беа усвоени. Собранието успешно заврши со работа во 13 часот, а потоа следеше дружење и разговори во пријатниот амбиент на ресторанот „Корзо“ во Битола.