21/06/2016

„Мобилност Битола“ на меѓународна конференција во Свети Николе

<На 21 јуни 2016 година, во организација на Славјанскиот Универзитет во Свети Николе беше успешно изведена меѓународна конференција со работен наслов „Родова еднаквост и недискриминација“. Како инструменти на Меѓународната организација на трудот се Конвенцијата за дискриминација (вработување и работа) (бр. 111) и Конвенцијата за еднакви примања за работа со еднаква вредност (бр. 100). Лицата со инвалидност се судираат со реалноста во многу области и промоцијата на рамноправноста е навистина тежок предизвик. Доаѓањето до успех е трнлив и исцрпувачки пат кој мора да се изоди.
Како активен член, ЛЕСС Битола прати три претставници, од кои два од „Мобилност Битола“ - Фанче Георгиевска и Сотир Јоновски, како и Благојче Котевски, советник во општина Битола. Модератор на настанот, кој се одвиваше во три сесии, беше Силке Штрајнхилбер, специјалист за работни односи и родова еднаквост од МОТ, Будимпешта, а од Македонија Никица Мојсовска – Блажевска, национален експерт. Секоја сесија имаше теоретски и практичен дел со вежби, а на крајот имаше заклучоци за следни чекори.
Ова е уште една од низата активности за подигање на капацитетите на инвалидските организации во промоција на практиките за недискриминација и промовирање на еднаквоста. „Мобилност Битола“ ќе продолжи со активности со сите капацитети што ќе и стојат на располагање за остварување на статутарните и програмски цели.