23/08/2016
Во организација на Завод, музеј и галерија – Битола, на 23 август 2016 година беше одржан меѓународен семинар, прва средба на проектот „Музеј за сите, музеј за понесување“, за пристапност на културното наследство на Балканот. Меѓу четириесетината поканети гости беше и делегација на „Мобилност Битола“, составена од претседателот прим. д-р Нико Јанков и членовите и активисти Фанче Георгиевска, Сотир Јоновски и Ивона Јанкова.
Предавачи на семинарот беа Милена Милошевиќ - Мициќ, историчар на уметност и директор на роднокрајскиот музеј од Књажевац, Србија и инж. арх. Татјана Мијатовиќ, советник за тактилни слики, модели имапи во националниот музеј во Сараево, БиХ. Темата беше пристапноста до културното наследство со водич за лица со инвалидност и мапирање и тактилни мапи и слики за слепи лица, а основа се едукативни програми за човекови права и инклузија преку изложби за културното наследство и програми за соработка, изработување на програма и веб страна со екран на допир за разгледување на поставките со интерактивни програми со учество на науката (Технички факултет, Ниш), водич со Брајова азбука во темна соба за посетители и развивање на други сетила (www.tifloloskimuzej.hr), инклузивно учење, социјална правда итн.
Искуствата на БиХ се во третман на социјалниот модел на инклузијата на лицата со инвалидност, со посебен осврт на слабовидни и слепи лица. Од исцрпното излагање на инж. арх. Татјана Мијатовиќ дознавме за правилното мапирање и изработка на водич за слепи лица во институциите како што се музеите и други установи за културно наследство.
Дискусија и контакти за понатамошна соработка со раководството на Музеј – Битола, директорот инж. арх. Зоран Алтипармаков и програмскиот директор д-р Ирена Ружин. Активностите продолжуваат.